Овозможување донација за ДСУ „Искра“ |
Wednesday, 07 February 2018 15:06 | |||
There are no translations available. Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, во соработка со невладината организација Hand Till Hand овозможи донација во вид на храна за учениците во ДСУ „Искра“. Донацијата е во противвредност од 92.000 денари, а според потребите на училиштето, храната ќе се доставува најдоцна до крајот на тековната учебна година. Помеѓу организацијата Hand Till Hand и Општина Штип е потпишан Меморандум за соработка со којшто ќе може заеднички да се аплицира за проекти кои ќе придонесат за интегрирање на лицата со посебни потреби во образовниот процес и нивна активна вклученост во секојдневните општествени активности, но и за проекти од други области, како и за организирање и спроведување хуманитарни активности и донации. Во продолжение следи изјавата на градоначалникот: - Денеска се наоѓаме во ДСУ „Искра“, кадешто заедно со невладината организација Hand Till Hand овозможуваме донација во вид на храна за учениците овде. Помеѓу организацијата Hand Till Hand и Општина Штип е воспоставена добра и цврста соработка преку Меморандум за соработка. Ова е веќе трета донација, првата донација беше во Клиничка болница Штип. Сакам да изразам благодарност како градоначалник на Општина Штип што денеска тие донираат храна и прехранбени продукти за подобрување на оброкот во ова училиште. Тоа ќе трае од денеска па сѐ до крајот на учебната година и е во вредност од 92.000 денари. Сакам да се заблагодарам и да ги повикам сите хумани луѓе да дадат поддршка, придонес, заради тоа што хуманоста е многу важна. Ние ќе продолжиме да соработуваме, Општина Штип ги става своите капацитети на располагање и во иднина и ќе соработува со сите оние коишто сакаат да помогнат на нашата институција и во нашиот град.
|