Home Events Мерка за санкционирање непрописно паркирање
Мерка за санкционирање непрописно паркирање
Tuesday, 13 February 2018 13:24
There are no translations available.

parkiranjeСпоред Член 7 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Општината е надлежна за уредување на сообраќајот на локалните патишта и улици кое меѓу другото опфаќа и поставување блокатори на возила на места што не се наменети за паркирање, како и отстранување на блокатори.

Поставувањето блокатори и нивно отстранување ќе се спроведува од страна на овластени контролори на ЈП „Стипион 2011“ Штип.

Блокираните возила ќе се одблокираат по реализирана наплата од 700 денари.

За поголема ефикасност при реализирање на активностите ќе има координирана соработка со МВР СВР Штип.

Поради зголемување на проблемите со нелегалното паркирање кои ја загрозуваат безбедноста на сообраќајот, Општината ќе започне со спроведување на оваа мерка која ќе придонесе за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Првично ќе се преземат мерки за возила кои се паркирани на пешачки премини, во ниво на крстосници, на паркинг места кои се наменети за посебна категорија на корисници како инвалидизирани лица и авто-такси стојалишта, автобуски стојалишта, тротоари, коловози и др.

Се надеваме на соработка од граѓаните и избегнување на прекршувањето на законските одредби во однос на паркирањето на возилата.

  

 

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

November 2024
M T W T F S S
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize