Home Events Прва средба на УО на Солидарен Фонд
Прва средба на УО на Солидарен Фонд
Wednesday, 14 February 2018 14:44
There are no translations available.

solidaren fond-1Денеска се одржа првата средба на претставниците на повеќе релевантни субјекти во Управниот Одбор на Солидарниот Фонд, којшто се формира по иницијатива на градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. По покренувањето иницијатива за формирање ваков фонд, Општина Штип стапи во контакт со невладини организации коишто имаат искуство во оваа област и отвори соработка со нив. Како резултат од таа соработка беше донесена одлука да се формира Управен Одбор на Солидарен Фонд, во којшто ќе учествуваат претставници на повеќе субјекти.

Како претставници од Совет на Општина Штип се советничките Слободанка Момчилова и Весна Ничева, претставник од невладините организации е Борис Шарковски од ФРЛЗ, претставник од бизнис секторот е Владимир Хилјадников, претставник од ОО Црвен Крст Штип е Никола Камчев, претставник од Лекарска Комора е д-р Ален Георѓијев, претставник од медиумите е новинарот Зоран Зарински, а претставник на Општина Штип во Управниот Одбор на овој Солидарен Фонд е градоначалникот Благој Бочварски.

„Солидарниот Фонд е потребенsolidaren fond-2 како сервис преку кој ќе помагаме, но особено важно е тоа да биде силно контролирано од повеќе институции, здруженија на граѓани, невладини организации, коишто ќе бидат вклучени во управувањето на овој Солидарен Фонд,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Градоначалникот Бочварски истакна дека првите чекори на Управниот Одбор на Солидарниот Фонд ќе бидат во насока да се донесе решение за начинот и формата на функционирање на Фондот, но и како ќе се полни истиот.

„Средствата од Фондот ќе бидат наменети за лечење тешки болести во странство, односно Солидарниот Фонд ќе има строга намена,“ посочи градоначалникот Бочварски.

Освен Управен Одбор, за непречено и транспарентно работење на Фондот ќе бидат вклучени родителите кои веќе биле засегнати со проблемот обезбедување финансии за лечење на нивните најблиски, и тоа во Надзорен Одбор. Како членови на Надзорен Одбор на Солидарниот Фонд избрани се Марина Зафировска, Душанка Стојанова и Зоран Мијалков.

solidaren fond-3solidaren fond-4

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

November 2024
M T W T F S S
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize