Државно првенство во карате во Штип |
Monday, 26 February 2018 13:30 | |||
There are no translations available. Во сабота се одржа државно сениорско првенство во карате во Штип, на коешто учествуваа натпреварувачи од вкупно 25 клубови. На отворањето на првенството присуствуваше градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, којшто имаше свое обраќање пред присутните. „Мене ми е многу драго што Штип повторно се враќа на картата на најспортски градови во Македонија, особено во рамки на боречките спортови. Знаеме дека ова е прв ваков турнир којшто се одржува во Штип после подолг временски период. Овде се собрани најдобрите каратисти во Македонија. Верувам дека ќе победат најдобрите. Јас како градоначалник сум особено горд што се случуваат вакви настани во нашата општина и сум особено благодарен на организаторите на овој настан,“ рече во своето обраќање градоначалникот Бочварски. „Даваме целосна поддршка на спортот и спортските работници да организираат убави настани, а нашите спортисти да донесуваат високи резултати и признанија и од домашни и од европски натпреварувања. Сведоци сме дека тоа се случува периодов и верувам дека ќе продолжи во иднина со уште поголеми резултати,“ истакна градоначалникот.
|