Home Events Обраќање на градоначалникот Благој Бочварски во врска со ситуацијата во Штип
Обраќање на градоначалникот Благој Бочварски во врска со ситуацијата во Штип
Thursday, 04 June 2020 13:28
There are no translations available.

Obrakjanje-Bocvarski-040620Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски одржа прес конференција во врска со ситуацијата со вирусот Ковид 19, на која ги изнесе следните информации:

Почитувани граѓани,

Во моментот Штип се наоѓа во специфична состојба и нов момент на висок пик на вирусот во градот. Се обраќам до сите Вас пред овој продолжен викенд во кој ќе биде воведена и целосна забрана за движење.

Денеска имаме нови случаеви позитивни на Ковид 19 за кој ќе информира министерот за здравство, а во наредниот период на масовно тестирање очекуваме да се појават и други случаеви.

Имаме и една позитивна вест за 3 оздравени лица во Штип, посакувам и очекувам овој тренд да продолжи и во наредните денови.

Во моментот во самоизолација се 343 лица.

Како градоначалник на Општина Штип досега во рамки на нашите ингеренции превземав серија на мерки за колективна заштита, дезифицирафме улици и плоштади, паркови и детски игралишта, простори пред маркети и аптеки, па дури и станбени влезови. Направивме пунктови за дезинфекција на возила, формиравме мобилни тимови преку кои помогнавме на преку 280 стари и изнемоштени лица. Обезбедивме 23 илјади заштитни маски и беа делени пред конфекции на пазари, на институции, а поделивме и над 1200 пакети за социјално загрозени семејства.

Почитувани

Веднаш по објавувањето на одлуката на Владата дека Штип е град во кој се воведува забрана за движење од четврток до понеделник до нас како Општински кризен штаб пристигнаа гласови дека одреден број текстилни фабрики и покрај забраната за движење ќе продолжат со работа и во овие денови, користејќи ја можноста преку инспекторатите да пријават работа за време на викенд.

Во моменти на целосено затварање на градот и забрана за движење во претстојниот продолжен викенд за сите граѓани, НЕДОЗВОЛИВО е во оваа индустрија да се работи, токму таму каде што во моментот имаме поголем број случи на заразени граѓани.

Сметам дека во овој момент треба сите да бидеме на ниво на задачата која ни ја носи ова време вклучувајќи ги институциите, граѓаните и стопанствениците со цел да спречиме состојбата со КОВИД-19 да излезе од контрола.

Кога велам на ниво на задачата мислам над личните и партиски интереси, над интересите на стопанствениците. Во овој момент секој, ама буквално секој треба да се откаже од нешто за интересот на сите.

Поради ова, за да го заштитиме здравјето на вработените, а со тоа и на сите граѓани на Штип, побарав од Главниот кризен штаб во Владата да донесе акт со кој во наведениот период ЦЕЛОСНО ќе го забрани работењето на сите фабрики од текстилната индустрија (каде што има голема концентрација на луѓе) во Штип и воедно ќе забрани издавање на секакви дозволи за работа со кои се изигруваат воведените мерки.

Пред малку го добив овој акт кој гласи: Главниот штаб при Владата го прифати барањето за забрана за работа доставено од Општина Штип, а со ова се забранува издавање на дозволи за време на викенд за фабриките од текстилната и кожарската индустрија на подрачје на Општина Штип, односно сите да останат затворени.

Со ова веќе официјално се забранува работа во текот на овој викенд за сите текстилните фабрики.

За оваа одлука веќе се информирани инспекторатите, најстрого ќе бидат казнети сите кои ќе ги повикаат луѓето на работа. Апел доколку има ваков случај веднаш да биде пријавен.

Наредните три дена единствено до текстилните фабрики ќе бидат транспортирани лица за кои е креиран упат од доктор за тестирање и веднаш потоа ќе бидат вратени дома. Утре ќе бидат тестирани 200 вработени, а сабота и недела уште 230.

Почитувани граѓани,

Во овој периоид, имаше коментари и од типот, зошто досега целосно не биле затворени текстилните фабрики во Штип.

Прво да истакнам дека таква одлука не носам јас или општината. А второ и многу важно прашање е дека оваа пандемија трае речиси три месеци, а ќе трае можеби и наредните месеци со опасност за нов бран наесен или другата пролет. Невозможно е кога секој сектор во државата и во светот се прилагодува на работа во вакви услови да се бара затворање на цел еден комплексен сектор во Штип како што е текстилниот на неодредено време кое може да трае и до една година. Ова би значело и крах на економијата, останување на над 7000 илјади лица на улица и без егзистенција. Затоа треба сите да се прилагодиме на оваа нова реалност. Но и кога има полициски час тој мора да важи за сите!

Почитувани,

За жал имаме структури во градот кои се обидуваат да најдат простор за напад и за изнесување на лаги и манипулации. Би сакал да информирам дека кога се формира штаб тој е во постојана комуникација и координација. Тој штаб само некогаш е отворен за јавност и во проширен состав. Тој штаб работи и недели и празници и викенди и во полициски час со цел превземање на мерки во доменот на ингеренциите за заштита на населенито. Затоа уште еднаш барам да не ни ја одзмате енергијата со цел да продолжиме во борба со овој опасен и невидлив противник. Нашиот штаб ќе работи и овој викенд со динамичен план за работа на нашите служби на терен.

Упатувам апел до граѓаните, не го потценувајте вирусот, тој е овде помеѓу нас, почитувајте го полицискиот час, останете дома, ова е момент на прекршување на пандемијата после кој се надевам дека ќе почнат да паѓаат бројките на новозаразени, единствено и само со строго почитување на мерките. Барам и од претседателите на урбани заедници, но и од политичките партии да започнат комуникација макар и телефонска, низ нивните структури со единствена цел укажување на граѓаните за крајна внимателност.

Ова е наша заедничка борба и мораме заедно да се справиме со пандемијата.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

December 2024
M T W T F S S
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize