Потпишување договор за изградба на паркинг платформа |
Friday, 12 June 2020 11:51 | |||
There are no translations available. Општина Штип заедно со претставници од Центарот за Источен плански регион потпишаа договор за започнување на изградба на паркинг платформа по течението на реката Отиња кај Здравствениот дом „Панче Караѓозов“. Се работи за капитална инвестиција финансирана од Општина Штип и од Бирото за регионален и рамномерен развој преку Центарот за Источен плански регион. „Ова е многу значајна инвестиција за градот и за граѓаните. Оваа идеа е уште од 2009, но до 2017 не беше реализирано ништо. Денеска имаме веќе една платформа која значително го олеснување паркирањето на граѓаните, а започнуваме со изградба на уште една платформа по течението на река Отиња. Инвестицијата е околу 17,8 милиони денари од кои половина ќе ги финансира Општина Штип, а половина Центарот за Источен плански регион,“ изјави градоначалникот Бочварски. Ваквите партнерски инвестиции како што е детската градинка „Виножито“ и паркинг платформата се многу значајни за граѓаните и затоа ќе продолжиме со тесна соработка со сите институции.
|