Home Events Постапка за брана на река Отиња
Постапка за брана на река Отиња
Monday, 15 June 2020 13:33
There are no translations available.

Postapka-BranaOtinjaГрадоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска одржа прес конференција со цел информирање на јавноста за постапката за отпочнување на изградба на најголемиот капитален проект за Штип, брана на река Отиња, во која истакна:

„Почитувани,

Брана на река Отиња претставува најголемиот капитален проект за Штип, долгогодишна желба на граѓаните, реална потреба за градот.

Не би споменувал за сите придобивки кои ќе се добијат при изградбата, бидејќи за тоа многу пати дискутиравме до сега.

Бидејќи многу се говори во јавноста, некогаш од реална потреба за информирање на граѓаните, а некогаш од друг тип на побуди кај одредени структури кои многу често преку манипулации сакаат да фрлат сенка на овој важен проект.

Совршено ми е јасно зошто претходните локални власти мудро и вешто молчеа и го избегнуваа овој проект, а не го ни спомнуваа во изборните кампањи. Заради тоа што е многу гломазен и тежок проект за реализација.

За да нема никакви забуни во јавноста и поради транспарентноста и отчетноста на нашето работење сакам да информирам дека ако во изминатите 40 години имало само некаква идеја, желба и започнат а недовршен проект, денеска за само две ипол години имаме завршен основен проект со изработена ревизија, изработена студија за оцена на влијанието врз животната средина, изработен и усвоен детален урбанистички план за брана Отиња.

Би сакал да информирам дека поминавме уште еден важен чекор во проектот брана , а тоа е последниот документ којшто го добивме пред неколку дена – позитивно мислење од Институт за земјотресно инжинерство и инжинерска сеизмологија (ИЗИИС).

Во моментот се чека и последниот чекор пред распишување на постапка за изградба на проектот брана на река Отиња, а тоа е одобрение за градење од страна на Министерство за транспорт и врски кадешто според законските рокови очекуваме во брз временски рок да добиеме одобрение за градење.

Како градоначалник на Општина Штип нема да дозволам макотрпната работа во изминатите две ипол години од страна на Општината, Владата, неколку ресорни министерства, проектантие, инжинерите, професорите да биде омаловажуван.

Јас на овој проект приоѓам со многу ентузијазам и желба заради тоа што за овој проект вреди да се даде се од себе, да се потроши многу енергија и време.

Почитувани сограѓани,

Ги надминуваме препреките, ги решаваме проблемите, од овој проект не се откажуваме благодарение истрајноста и одлучноста на оваа локална и централна власт,“ кажа градоначалникот Бочварски.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

December 2024
M T W T F S S
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize