Home Events Општина Штип ќе излезе во пресрет на родителите
Општина Штип ќе излезе во пресрет на родителите
Thursday, 06 August 2020 11:50
There are no translations available.

DetskiGradinki-01Се наоѓаме во специфичен период, период на корона криза, со вонредни околности за нас непознати и сериозни, здравствени и економски последици за институциите и граѓаните.

Институциите имаат сериозен предизвик да се справат со оваа несекојдневна и прва ваква појава во општеството, работиме со намален број на вработени, имаме намалени приходи, но крајната цел е граѓаните да добијат повеќе во семејните буџети. Владата доделува ваучери, имаме поврат на ДДВто и серија на други мерки со цел семејниот буџет да биде дополнително зајакнат. Општината се откажа од дел од своите приходи на име на неколку ставки, повторно за поддршка на граѓаните и бизнис секторот.

Денес сме исправени пред одлука во однос на плаќање на основните паушали во градинките за изминатите месеци. Се работи за паушал кој е наменет за тековно работење, одржување и за материјални трошоци (нафта, струја, постелнини играчки мебел создавање на нови содржини и.т.н.

DetskiGradinki-02

Во оваа ситуација после повеќе консултации со раководствата на двете детски градинки и претседателот на советот, како Градоначалник денес од управните одбори на градинките барам според редовната процедура да се отвори постапка за укинување на наплатата и на основниот паушал на родителите за месеците април, мај, јуни, јули и август. За потсетување овој основен паушал се наплаќал секогаш во летните месеци во претходните години.

Ако бараме солидарност мораме да знаеме дека Општина Штип ќе биде првата институција која ќе биде солидарна во нашиот град, заедно со градинките и останатите институции.

Со овој потег уште еднаш покажуваме на дело дека се грижиме за потребите на граѓаните, се солидаризираме, помагаме.

Постапката ќе започне денес со мој предлог до управните одбори на двете детски градинки, а ќе продолжи во Советот на Општина Штип. Убеден сум дека ваквата одлука брзо ќе ги помине сите филтри со цел да им помогнеме на граѓаните.

Почитувани граѓани, ова е трошок кој тешко се надоместува, но сметам дека ние имаме капацитет да го сносиме овој трошок со домаќинско и мудро работење. Според проценките се работи за средства во висина од 2,8 милиони денари.

Целосно сум задоволен од работата на директорките кои во моментот активно работат на отворање на детските градинки од септември почитувајќи ги протоколите од Комисијата за заразни болести, подготвени да ги прифатат дечињата.

Во делот на предучилишните установи за потсетување изградивме и ја пуштивме во употреба новата детска градинка во населбата Сењак во вредност од речиси еден милион евра, а направивме реконструкции во сите останати објекти во градот, за најубави и најсреќни детски денови на дечињата од нашата Општина.

Секако се подготвуваме и за нови реконструкции и зафати во наредниот период.

Ова е уште една од низата мерки како помош за граѓаните во овие услови на пандемија.

Општина Штип во претходниот период за времетраење на пандемијата превзеде неколку економски мерки кои значеа олеснување за правните субјекти и за граѓаните во овие тешки моменти за градот и државата.

Барам ваквата солидарност да ја продолжиме заедно со сите вас граѓаните затоа што поддшка ни е потребна од секој поединец.

Убеден сум дека во оваа борба со пандемијата продолжуваме сите заедно сплотени и единствени.

DetskiGradinki-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

December 2024
M T W T F S S
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize