Изјава за медиуми во врска со Макфест |
Thursday, 06 August 2020 14:45 | |||
There are no translations available. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски даде изјава за медиуми во врска со фестивалот „Макфест“: „Фестивалот „Макфест“ оваа година слави 35 години од постоењето, јубилеен фестивал којшто и пред да сапочне оваа состојба со Корона вирусот сакавме да биде посебен заради тоашто тоа го заслужуваат и изведувачите и гледачите. Поради новонастанатата состојба со Ковид 19 одлучивме за првпат во историјата, фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ за првпат да се одржи на отворено, односно на градскиот плоштад „Слобода“, кадешто ќе се одржат две фестивалски вечери. Првата вечер ќе се слушаат најпознатите стари хитови од „Макфест“ од наши познати изведувачи, а втората вечер ќе биде директно финална вечер каде ќе настапуваат сите оние кои се пријавиле,“ истакна градоначалникот Бочварски. Дополнително оваа година нема да се одржи настанот „Пастрамајлијада“ поради состојбата со вирусот „Ковид 19“.
|