Средба со Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Северна Македонија |
Tuesday, 11 August 2020 15:14 | |||
There are no translations available. Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски остварни средба со Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Северна Македонија, Драган Јачимович. Ова е прва официјална посета на Амбасадорот Јачимович во Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски истакна огромна благодарност за денешната средба со Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Северна Македонија, односно во Штип. „Чест ми е што денеска остварив средба со амбасадорот Јачимович кој е на прва официјална средба во Штип. Ја посетивме спомен собата на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, а исто така ќе го посетиме и Народниот музеј каде Амбасадорот ќе има можност да се запознае со знаменитостите за Штип,“ истакна Бочварски во изјавата за медиумите. „Ова е моја прва официјална посета во Штип, каде имав можност да разговарам со градоначалникот за зближување на народите и јакнење на економијата во двете држави. Особено сум благодарен што имав можност да ја посетам спомен собата на првиот претседател Глигоров и за поздравување е тоа што ги цените неговите и делата на сите оние кои имале историска улога во државата,“ истакна Амбасадорот Јачимович. Ова е уште една од многуте посети на Амбасадори и претставници на останатите држави, Општина Штип ќе продолжи да гради добри односи со соседните држави и градови.
|