Средба со хрватската амбасадорка во Република Северна Македонија |
Friday, 09 October 2020 12:47 | |||
There are no translations available. Заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов оствари средба со Амбасадорката на Хрватска во Република Северна Македонија, Нивес Тигањ. Ова е прва посета на хрватската амбасадорка во Општина Штип, а воедно и прва средба од ваков тип на заменик градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов. Амбасадорката истакна дека и претставува огромна чест што денеска е во Општина Штип. „Имав чест да разговарам со заменик градоначалникот на Општина Штип за можностите и соработката помеѓу Северна Македонија и Хрватска, а воедно и со Штип. Разговаравме за соработка на повеќе теми. Хрватска е поддржувач на Република Северна Македонија на патот кон Европската унија,“ истакна амбасадорката Тигањ. „Имам чест да остварам средба со хрватската амбасадорка во Република Северна Македонија и да ја запознаам со можностите и знаменитостите на нашиот град. Огромна благодарност за укажаната чест и желбата за понатамошна соработка. Секако овде го потврдивме долгогодишното пријателство помеѓу Штип и Сплит,“ истакна заменик градоначалникот. Амбасадорката го посети мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ кадешто имаше можност да се запознае со животниот пат и постигнувањата на нашиот прв претседател, Киро Глигоров.
|