Избор на в.д. градоначалник на Општина Штип |
Wednesday, 14 October 2020 14:41 | |||
There are no translations available. Денеска се одржа четириесетта седница на Совет на Општина Штип преку апликацијата Zoom. На дневниот ред на оваа седница беше точка за избор на Вршител на должност градоначалник на Општина Штип, кадешто единствен предлог за оваа функција предложен од страна на советник во Советот на Општина Штип, беше досегашниот заменик градоначалник, Јане Миланов којшто едногласно е избран. В.д. Градоначалникот на Општина Штип ќе ја извршува функцијата до предвремените локални избори во декември. Миланов истакна дека ќе продолжи со тековните проекти и секојдневни обврски на локалната самоуправа со цел непречено одвивање на функционирањето на градот и граѓаните.
|