Прес конференција, Одбележување на 19 декември – „Свети Никола“ |
Friday, 18 December 2020 14:37 | |||
There are no translations available. Денеска В.Д. Градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов одржа прес конференција по повод утрешниот ден, 19 декември – Ден на градот. Градоначалникот во својата прес конференција ги истакна добитниците на наградите и признанијата, како и добитникот на орденот „Свети Никола“. „Почитувани граѓани на општина Штип, почитувани претставници на медиумите, Во пресрет на големиот верски празник Свети Никола, останувајќи верни на традицијата за доделување на награди и признанија по повод патронот на градот, согласно Одлука на Советот на Општина Штип од 2009 год. , имам огромната чест и задоволство да ја информирам јавноста за тоа кој се добитницина на годинешниве награди и признанија. Оваа година , за жал церемонијата за доделување на наградите ќе биде скромна и во услови наметнати од состојбите со пандемијата од Ковид 19, а согласно протоколите пропишани од Комисијата за заразни болести, но тоа ниту малку не ја намалува свеченоста на овој чин, а уште помалку значењето и големината на годинешниве добитници на наградите. Согласно член 7 и член 8 од Одлуката за востановување на општински награди и признанија , носители на наградата 19 декамври се:
- Наџаков Мирко. Неговото име е синоним за врвен спортист, фудбалер, педагог кој покрај својата богата спортска кариера е автор и на повеќе од 700 страни стручна литература за современиот фудбал, тренинг, начин на подготовка и игра. Како резултат на целокупниот негов ангажман во фудбалот од страна на ФФМ ја има добиено наградата 50 ГОДИНИ АКТИВНО УЧЕСТВО ВО ФУДБАЛСКИОТ СПОРТ.Роден е на 5 август 1939.
- Барбареев Кирил. Редовен професор на Факултетот за образовни науки на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Професор кој систематски работи на подигнување и зајакнување на системот за образование и професионален развој на воспитувачите и наставниците во државата. Роден е на 1 јули 1976.
- Жежова Катица. Хуманист кој живее со и за мотото ПРЕД СЕ БИДИ ЧОВЕК. Нејзината сестраност на полето на хуманоста го надминува шаблонот хуманитарец крводарител, иако до сега има дарувано крв повеќе од 80 пати. Иницијатор , мотиватор и мобилизатор на голем број хуманитарни акции ширум државава но и надвор од неа. Родена е 1958 год во Штип.
- Добитник на Орден Свети Никола е Г—н Михаил Данев. Општественик, политичар и стручњак кој со својот ангажман и делување одбележа речиси половина век во Штип и Македонија. Тој беше предводник на една генерација општественици во седумдесетите и осумдесетите год на минатиот век кои ја започнаа преродбата и модернизацијата на Штип.За време на неговиот мандат како претседател на Општина Штип (1974-1982) меѓу другото градот ги доби капиталните објекти на кои сме горди и денес: -новиот Медицински центар -Домот на културата -Новата административна зграда на општината -Новата зграда на Библиотеката Гоце Делчев.
Роден е 1 јули 1941 г. Тоа е листата на годинешниве носители на признанија и во ова прилика сакам јавно не само да им честитам туку и да им се заблагодарам за нивниот придонес, ангажман и залагање кој покрај нивна лична афирмација значи многу и за афирмацијата на Штипво рамки на државата но и пошироко. Ви благодарам,“ истакна во својата прес конференција Миланов.
|