Доделување на награди и признанија по повод 19 декември – Денот на градот |
Saturday, 19 December 2020 14:41 | |||
There are no translations available. Денеска во организација на Општина Штип, доделени се наградите и признанијата за 19 декември – Денот на градот. Поради протоколите пропишани од Комисијата за заразни болести, оваа година свеченоста се одржа во кабинетот на градоначалникот. Добитници на наградите оваа година се: - Мирко Наџаков – Фудбалер и педагог со своја богата спортска кариера. - Кирил Барбареев – Редовен професор на Универзитет „Гоце Делчев“. - Катица Жежова – Хуманист кој има дарувано повеќе од 80 пати крв. - Добитник на свечениот орден „Свети Никола“ е г-динот Михаил Данев. Општественик политичар и стручнак кој со својот ангажман и делување одбечежа речиси половина век во Штип и Македонија. На овој настан присутни беа, В.Д. Градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов, претседателката на Совет на Општина Штип, Маријана Рогожарска Поповска како и новиот градоначалник на Општина Штип, Сашко Николов. Добитниците на наградите истакнаа огромна благодарност за овие признанија кои се едни од повеќето во нивниот животен век.
|