Увид на сообраќајници во зимски услови |
Monday, 26 February 2018 15:03 | |||
There are no translations available. Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, излезе на увид на состојбите во сообраќајот во градот во зимски услови. Со паѓањето на првиот снег, дежурните екипи на ЈП „Стипион 2011“ во 16:00 часот излегоа на терен. На терен излегоа и екипите на ЈП „Исар“. Согласно Програмата за зимско одржување на територијата на Општина Штип и Оперативниот план за дејствување во зимски услови, екипите делуваа по приоритет на улици и реони со специјалните возила кои претходно беа ставени во состојба на приправност. Коловозите се посипуваа со абразивен материјал за непречено одвивање на сообраќајот. До шест часот утринава, интервенирано е со 78 тони абразивни средства по улиците од прв и втор приоритет, односно улицата кон болницата, улиците „Генерал Михајло Апостолски“, „Христијан Карпош“, „Маршал Тито“, улиците кон населбите Сењак, Дузлак и Баби и излезите на градот. „Би сакал да ги информирам граѓаните дека излеговме во пресрет на две болни дечиња во село Почивало, кадешто е пренасочена машина, со цел да се помогне на овие дечиња,“ информираше градоначалникот Бочварски. Градоначалникот Бочварски апелираше до граѓаните да ги исчистат своите дворови од снег, за сите да си помогнеме час поскоро градот да ни биде во функција.
|