Доделени грантови за основни човекови потреби во Македонија |
Петок, 09 Март 2018 13:19 | |||
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, присуствуваше на свеченост по повод потпишување на договори за доделување грантови од Јапонија. Амбасадорката на Јапонија, Кеико ханеда, потпиша договори во вредност од 428.000 евра со девет јавни институции од Македонија. Една од тие институции е и Клиничка Болница Штип, којашто ќе набави две нови медицински возила за транспорт на пациенти во износ од 40.262 евра. Со помош на новите возила ќе се зголеми безбедноста и удобноста на пациентите од Источниот плански регион, особено при транспортот до клиниките во Скопје, Охрид, Битола и Прилеп. На свеченоста присуствуваше и директорот на Клиничка болница Штип, д-р Ален Георгијев.
|