Петок, 09 Октомври 2020 16:41 |
Денес се одржа седница на Општинскиот Штаб за заштита и спасување во проширен состав на кој беа присутни претставници од МВР, Црвен Крст, Општински инспектор, ЦЈЗ, ДИТ-Штип, АРМ, Гласен текстилец.
Општинскиот штаб за заштита и спасување ги донесе следните заклучоци и задолженија:
- Задолжително зајакнување на соработката со Ковид -координаторите за училиштата со Центарот за јавно здравје за навремено информирање на дневните состојби со цел превземање на соодветни мерки.
- Општинскиот Штаб за заштита и спасување ќе упати Барање до Комисијата за заразни болести и Централниот Штаб за изработка на конкретен Протокол за вршење на превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај кој ќе го замени Протоколот за вршење на меѓуградски превоз од Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на корона вирус COVID – 19 во. Со донесувањето на овој протокол ќе се опфатат сите видови на превоз кои се одвиваат на територијата на Република Северна Македонијаа посебно и видовите на превоз кои се одвиваат на територијата на локално ниво кои не се опфатени со Протоколот за вршење на меѓуградски превоз.
- Соработка на МВР со ДИТ-Штип и останатите инспекторски служби се со цел реализирање на засилени ненајавени надзори и контроли во угостителските објекти, компаниите се со цел почитување на здраствените протоколи.
- Зголемени контроли на превозот од страна на Општинскиот инспектор каде најчесто транзитираат линиите за превоз со работници во текстилната индустрија.
Апел!!
Упатуваме апел до граѓаните при изработка на епидимиолошките анкети да бидат совесни и да ги доставуваат точните информации до ЦЈЗ се со цел точно утврдување на ризичните контакти.
|