Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Дома Настани Дебата со Локален економски совет на тема „Заедно до социјален дијалог на локално ниво“
Дебата со Локален економски совет на тема „Заедно до социјален дијалог на локално ниво“
Четврток, 15 Октомври 2020 14:09

Debata-LES-01Денеска в.д. градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов присуствуваше на дебата заедно со локалниот економски совет на тема: „Заедно до социјален дијалог“ која се одржува во рамки на настанот Текстлијада.

Настанот текстилијада се одржува по четврти пат во организација на здружението „Гласен текстилец“, оваа година на тема „Работнички права во време на Корона – Корона права“.

В.д. Градоначалникот на Општина Штип имаше поздравен говор пред присутните.

„Економски развој и социјален напредок можат да бидат постигнати само во услови на здружено функционирање на властите, работодавачите и работниците. Токму  таква е улогата на Економско социјалните совети, било да станува збор за централно или локано ниво. Кај нас , на локално ниво постои Локален економско социјален Совет (ЛЕСС) , кој е трипартитно тело во кое со свои членови партиципираат  Советот на општина Штип, Организацијата на работодавачи  на Република Северна Македонија и Сојузот на Синдикати и Конфедерација на слободни синдикати.

Debata-LES-02

ЛЕСС има консултативно советодавна функција и разгледува прашања и дава мислења, предлози и препораки до Советот на општината и други органи за одредени прашања од економско социјалната сфера.  Една од основните негови цели  е воспоставување, поттикнување  и развој на социјален дијалог помеѓу социјалните партнери и усогласување на нивните различни ставови и интереси на локално ниво. Ова е особено важно во услови на криза која ја живееме и трпиме моментално, кога поради пандемијата на Корона вирусот се изместија , пореметија многу параметри и во делот на економијата но и во делот на она што значи секојдневно живеење,“ истакна в.д. Градоначалникот Миланов во својот поздравен говор.

Дополнително свое излагање имаше и сопственикот на текстилна компанија Венцо Филипов.

Преку овие настани од социјален и уметнички карактер се прикажува на јавноста за потребата од поддршка за подобрување на правата на работниците и работодавачите.

Општина Штип и општинскиот штаб за заштита и спасување има спроведено низа активности во корист на заштита на здравјето на работниците и работодавачите како: дезинфекција на влезовите пред конфекциите како и внатре во конфекциите, дезинфекција на автобусите и автобуските постројки и слично.

Во корелација со Здружението „Гласен Текстилец“ и  текстилнио кластер  се предложи  воведување на лице , т.н Ковид координатор во секоја текстилна компанија со задача да внимава и да ги координира работниците  за доследно  спроведување и почитување на протоколите.

Во делот на подобрување и ублажување на последиците врз  економската состојба покрај сериозната подршка од страна на Владата преку четирите пакет мерки, и Советот на општината донесе неколку значајни мерки, како:

-Ослободување од наплата на комунални такси и користење на јавен простор  за фирми погодени од кризата.

-Ослободување од плаќање фирмарина за фирми кои немаат остварен приход за време на вонредната состојба.

-Ослободување за сите граѓани од плаќање паркинг за месеците мај и јуни.

Debata-LES-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo mk

Банер

Календар

Декември 2024
П В С Ч П С Н
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Банери

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер

ISO sertifikat baner resize