Посета на мал групен дом |
Понеделник, 28 Декември 2020 15:57 | |||
Денеска градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов во рамките на својата работна агенда ги посети дечињата кои престојуваат во малиот групен дом. При посетата на оваа институција беа поделени новогодишни пакетчиња. Градоначалникот Николов на дечињата како и на вработените им посака среќни новогодишни и божиќни празници со желби за многу здравје, среќа и љубов. Заедно со градоначалникот беше и директорката на Центарот на Социјална работа, Златка Иванова која го извести за состојбите и инвестициите во овој мал групен дом.
|