Донесена одлука од областа на социјалната, детската и здравствената заштита |
Monday, 14 February 2022 16:38 | |||
There are no translations available. На денешната седница на Совет на Општина Штип, а согласно Програмата за активностите на Општина Штип од областа на социјалната, детската и здравствената заштита за 2022 година, донесуваме одлука со која ќе го обезбедиме правото на партиципација, преку покривање на трошоците за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, или поточно за деца со попреченост и тоа согласно следнава категоризација: - пречки во телесниот развој - интелектуална попреченост - најтешки облици на хронични заболувања со присутни оштетувања и лимитирани активности, - оштетен вид - оштетен слух - потполно отсуство на говорот, тешко оштетен говор, лице со изгубен или оштетен порано стекната говор, - аутизам, - повеќе видови попречености и за - деца со ретки болести Општината активно ќе се заложи за сите категории граѓани, а денешната одлука е само мал дел од она што ќе го реализираме во наредниот период.
|