Писмена реакција на прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип |
Friday, 09 February 2018 14:01 | |||
There are no translations available. Почитувани, Со жалење констатираме дека од ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип се обидуваат со лажни вести и неосновани напади да ги манипулираат граѓаните на Општина Штип. На 11 февруари 2018 година навршуваат сто дена од преземањето на локалната власт од страна на градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. По тој повод, Општина Штип организира настан на којшто ќе биде промовирана брошура којашто претставува резиме на изминатите сто дена и сите активности коишто биле реализирани или започнале со реализација. Промоцијата на сработеното во првите сто дена власт ќе се случи во понеделник, на 12 февруари 2018 година, во голема сала на Општина Штип со почеток во 12 часот. На овој настан поканети се сите наши сограѓани. Но, и без промоција на сработеното, граѓаните го чувствуваат новиот ветер на позитивни промени коишто настапија во изминативе сто дена. Најголем дел од нив ќе бидат елаборирани во понеделник, а во оваа прилика ќе наброиме само неколку, меѓу кои: - Намалување на цена на вода за пиење - Проектирање на нова детска градинка - Обезбедување средства за допроектирање брана на река Отиња - Овозможување Општина Штип да биде првата наредна гасифицирана Општина - Инфраструктурни потфати: тампонирање, рурален пат, реконструкција и пробивање нови тротоари, коригирање на ниво на шахти, чистење отворени атмосферски канали - Укината наплата на паркинг - Партерно уредување на дворно место во градинка во Ново Село - Дебата и подготовка на сообраќајни решенија - Прекугранична соработка - Средби со претставници на меѓународна заедница - Подготовка за прифатилиште за бездомни животни - План за јавен градски превоз - Новогодишен базар - Новини во училиштата - Зачувување на споменот на Киро Глигоров и борците од НОБ - Соработка со невладини организации, граѓански здруженија и сл. - Отвореност за соработка со учениците од сите делови од градот - Многу други активности, за коишто граѓаните секојдневно беа известувани Наследивме состојба којашто воопшто не беше пријатна за работа, но за брз период ја стабилизиравме работата на сите институции. Потсетуваме дека наследивме општинска сметка со само три милиони денари на неа, без исплатени плати на вработените и без исплатени тековни сметки. За многу краток период платите на вработените беа исплатени, а денес можеме да констатираме дека состојбата на општинската сметка е стабилизирана, со 25 милиони денари на неа. Се соочивме со некои заостанати долгови, како и судски спорови во коишто Општина Штип била претходно инволвирана. Со добро менаџирање, сеопштата состојба лека-полека се стабилизира, а ние можеме да се фокусираме на нашите приоритети – а тоа е добра и ефикасна служба за граѓаните. Непродуктивните трошења се укинати во сите институции. Работиме домаќински, транспарентно и одговорно, во интерес на граѓаните. Апелираме ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип да престане со ширење лажни вести со коишто се обидува да манипулира со граѓаните. Со одбивањето да присуствуваат на јавни дебати и расправи, со одбивањето да учествуваат во работата на Комисиите на Совет на Општина Штип, тие ги изневеруваат нивните гласачи и ополномоштувачи, односно ги изневеруваат граѓаните на Општина Штип. ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип треба конечно да се вклучи во работата и во интерес на граѓаните да биде конструктивна опозиција.
|