Пписмена реакција на прес конференција на ОК ВМРО–ДПМНЕ Штип |
Friday, 02 March 2018 15:01 | |||
There are no translations available. Почитувани, Со жалење констатираме дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се служи со старите манипулативни техники и ширење лажни вести со цел да ги измамат граѓаните. Граѓаните знаат и гледаат дека градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски е фокусиран на реализација на ветените проекти во предизборната програма понудена на локалните избори, како што се: гасифицирање на општина Штип, изградба на детска градинка, изградба на брана на реката Отиња, намалување на цената на водата за пиење, затворен училишен базен и многу други. Студентскиот дом не е под ингеренции на локалните власти, но градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски ќе ги употреби своите ингеренции и влијание за да излобира проекти коишто се од суштинско значење за студентите. ВМРО-ДПМНЕ во Штип не направија никаков објект за студентите, иако тоа го ветуваа во изминатите десетина години и во недостаток на аргументи се обидуваат неосновано да ја оцрнат работата на новата локална власт. Ставките во коишто се предвидува набавка на храна и пијалаци и мебел се однесуваат на потребите на Советот на Општина Штип и администрацијата и се однесуваат на најосновните потрепштини. Лажните вести коишто ги шири ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип не одат во прилог никому, а особено не на граѓаните. Заврши ерата на ВМРО-ДПМНЕ, заврши времето на криминал, самоволие, неодговорност и незаконско владеење. Новата локална власт работи чесно и законски, во интерес на граѓаните на Општина Штип.
|