Писмена реакција на прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип |
Wednesday, 28 February 2018 15:08 | |||
There are no translations available. Почитувани, Општина Штип со индигнација ги отфрла неоснованите обвинувања од ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип и нивните недостоинствени ниски обиди да манипулираат со маката на децата со посебности и нивните родители. Општина Штип излегува во пресрет на сите свои граѓани секогаш во рамки на овластувањата и секогаш согласно законите. Потенцираме дека не постои законска форма за подарување земјиште. Доколку доктор Миташев сака да им помогне на оваа категорија граѓани, има две можности:
Сето ова детално беше објаснето на д-р Миташев. Што се однесува до конкретната парцела, би сакале да ја информираме јавноста дека доколку сопственикот не постапи согласно претходен договор, веќе влегува во фаза на плаќање пенали заради нереализација на проектот. Не би сакале ниту да помислиме дека инвеститорот се обидува да ги избегне обврските и одговорностите преку вмешување на оваа ранлива група граѓани. Потенцираме дека ниту Миташев, ниту кој било друг не може да го убеди градоначалникот и службите на Општина Штип да работат спротивно законите во Република Македонија. Општина Штип води грижа и заедно со Министерство за труд и социјална политика ќе продолжи да работи на финансирање на ранлива категорија граѓани.
|