Home Announcements Цената на водата се намалува за 5% - Во 2019 уште едно намалување од 5%
Цената на водата се намалува за 5% - Во 2019 уште едно намалување од 5%
Thursday, 28 December 2017 15:07
There are no translations available.

vodaМи претставува особено задоволство што денеска можам да обзнанам пред целата јавност дека уште едно од ветувањата коишто ги дадов за време на предизборната кампања почна да се остварува. Во текот на предизборието најавив намалување на цената на водата за пиење за десет проценти. Тоа намалување ќе се одвива етапно.

Парите ги враќаме кај граѓаните. Цената на водата за пиење се намалува.Според Решение за утврдување тарифа за снабдување со вода за пиење за регулиран период од 2018 до 2020 г. коешто беше доставено од страна на Регулаторна комисија за енергетика, а по барање на ЈП „Исар“, цената на водата за пиење се намалува.

Направивме избор да ја избереме минималната просечна тарифа понудена од Регулаторната комисија за енергетика, со што ќе се одржува рентабилноста на ЈП „Исар“, но ќе се заштити интересот на граѓаните. Во 2018 г. цената на вода за пиење за домаќинства и јавни институции ќе изнесува 33,73 денари или за 5% помалку во однос на досегашната тарифа.

За 2019 година предвидено е уште едно петпроцентно намалување на цената на водата за пиење, со кое цената ќе изнесува 31,96 денари за домаќинства и јавни институции, односно за 5% помалку во однос на тарифата за 2018 година. Со тоа ветувањето за десетпроцентно намалување на цената на вода за пиење ќе биде во целост исполнето.

Исто така, во регулираниот период ќе има намалување на цената на вода за пиење за 9% за правни лица, којашто од сегашниот износ од 53 денари ќе се намали на 48,29 денари заклучно со 2020 г., со понатамошна тенденција на намалување на цената за правни лица.

Почитувани сограѓани,

Зборот е збор. Ветивме и реализираме.

Од први јануари водата за пиење е со пониска цена. Оваа цена значи намалување на загубите на вода и намалување на оперативните трошоци за ЈП „Исар“. Ние, граѓаните, имаме обврска за редовно и навремено плаќање на сметките и рационална употреба на водата.

Градоначалник на Штип

Благој Бочварски

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

November 2024
M T W T F S S
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize