Честитка по повод празникот Богојавление – Водици до верниците од православна вероисповед |
Thursday, 18 January 2018 14:37 | |||
There are no translations available. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, за големиот христијански празник Богојавление – Водици, до митрополитот на Брегалничката Епархија, Иларион, и до сите верници од православна вероисповед упати честитка, во која се вели: „На Вас, на граѓаните кои празнуваат, го честитам големиот христијански празник Богојавление - Водици. Овој празник на духовното раѓање нека нѐ поттикне и охрабри сите да одговориме несебично на нашите обврски за добросостојба, хармонија и мир во заедницата во којашто сите живееме и го споделуваме секојдневието. На сите верници, пожелувам празникот да го поминат во спокој, меѓу семејството и саканите, исполнети со љубов, со духовна подготвеност за меѓусебно разбирање, почитување, независно од различностите по која било основа. Само посветени на овие темелни вредности на човековата личност, можеме да обезбедиме спокоен и достоинствен живот за сите, индивидуален и колективен мир. Пожелувам празникот да го поминете меѓу саканите во духовен мир. Среќен празник!“
|