Најава на воведување привремена измена на режим на сообраќај заради централна прослава на Денот на Европа во Штип |
Thursday, 10 May 2018 15:35 | |||
There are no translations available. Во сабота, на 12 мај, во нашиот град ќе се одржи централната прослава на Денот на Европа. Заради организацијата и спроведувањето на активностите поврзани со оваа прослава, ги известуваме сите наши сограѓани дека на 12.05.2018 г. во периодот од 08:00 часот наутро до 00:00 часот на полноќ, се воведува измена на режим на сообраќај на ул. „Маршал Тито“, односно од спојот со ул. „Јосиф Ковачев“ кај т.н. Влашки мост до мостот кај хотел „Оаза“. На наведената локација целосно се затвора сообраќајот за моторни возила, а ќе се одвива само пешачки сообраќај. Прославата ќе започне во 12:00 часот со официјално отворање на ЕУ Паркот, којшто ќе биде лоциран на градскиот плоштад „Слобода“. На церемонијата на сечење лента ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, како и претседателот на Влада, Зоран Заев, и Шефот на делегацијата на ЕУ, Самуел Жбогар. Прославата ќе кулминира со концерт „Ѕвездите за ЕУ“, којшто ќе се одржи во ЕУ Паркот на плоштад „Слобода“, а ќе започне во 17:30 ч. На концертот ќе настапат музичарите Зоран Илиев, Brass Brothers и Тамара Тодевска. Сите граѓани на Општина Штип и пошироко се поканети да присуствуваат на целодневната централна прослава
|