Писмена реакција на денешната прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип |
Friday, 19 April 2019 14:27 | |||
There are no translations available. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се одлучни да критикуваат по секоја цена. Прво со месеци критикуваа зошто нема стационар, иако имаа осум години да го решат проблемот со бездомните кучиња, а сега реагираат зошто проблемот е решен. Одобрението за работа на ова прифатилиште е издадено врз основа на направена инспекциска контрола со која е утврдена усогласеноста со одредбите од Правилникот за техничките услови за изградба на прифатилишта и законските одредби за заштита и благосостојба на животните. Ја информираме јавноста дека Општина Штип е првиот град кој го решава овој проблем за граѓаните да бидат безбедни. Доколку ВМРО-ДПМНЕ знаеше и умееше ќе го решеше овој проблем за време на нивното владеење. Општина Штип се грижи за безбедноста на граѓаните и хуманиот третман на животните.
|