Home Announcements Одговор на прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип
Одговор на прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип
Monday, 20 May 2019 13:37
There are no translations available.

Izjava-20052019Опозициските челници, за жал, не сакаат да се радуваат на развојот и успесите што ги доживува Штип, па попусто се шетаат во Скопје за злонамерно го оцрнуваат нашиот град во очите на државата и регионот.
Но, злонамерните оцрнувања на градот не само што се непатриотски,туку и невистинити.
Во текот на осумте години во кои ВМРО-ДПМНЕ ја имаше локалната власт во Штип, челниците од оваа партија не направија ништо значајно за градот.
За потсетување, зедоа огромен кредит од Светска Банка за уредување на плоштадот и изградба на платформи

на реката Отиња. Како што и самите знаете, после пробивањето на сите рокови плоштадот остана без фонтана, а од платформите граѓаните видоа само неколку столбови.
Со самото преземање на власта, веднаш се зафатив со работа и граѓаните конечно добија платформа за паркирање, којашто од ВМРО-ДПМНЕ осум години не можеа да им ја испорачаат.
Целото владеење на ВМРО-ДПМНЕ беше обвиено во нетранспарентност и интриги. Граѓаните не знаеја каде и за која цел се користат нивните пари.

Од ВМРО-ДПМНЕ наследив куп проблеми.

Проблемот со започнатиот Пензионерски дом, проблемот со празна каса која ја затекнав, проблем со голем број судски пресуди коишто сеуште го оптеретуваат општинскиот буџет.
Денес Штип е најтранспарентна Општина во државата.

Граѓаните точно знаат за што се користат нивните пари. Сите тендери и јавни набавки од Општина Штип се спроведени строго според законските одредби.

Фирмите за кои зборува опозицијата, а се во сопственост на моето потесно и пошироко семејство, ниту имаат учествувано ниту имаат добиено јавна набавка од Општина Штип, кадешто јас сум потписник.

За време на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ се работеше слабо и неквалитетно, со козметички трикови за краткорочно санирање на одредени инфраструктурни проблеми.
Но, сега ние ги исправаме неправдите од претходната локална власт. Сите оние кои во минатото платиле надомест за уредување на градежно земјиште конечно добиваат инфраструктура, па затоа веднаш ги изградивме улиците 6 и 7 во населба Баби, Блок 2000 како и во Сончев Град. Изградени и реконструирани се четириесетина улици, а се работи и на изградба на тротоари, локални патишта, како и друга патна инфраструктура.

Цената на водата за пиење во време на СДСМ е намалена за 10%, а за потсетување на граѓаните во време на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година цената на водата беше покачена за високи 39%.

Почитувани граѓани,

Ваше е да оцените која власт ви ги покачи вашите трошоци, а која власт ги враќа парите назад кај вас.


Изградена е водоводна линија за жителите во населба Балканска, со што жителите на оваа населба конечно добиваат чиста вода за пиење.
Уредено е платото кај Пензионерски_дом.

Работиме на концепт за изградба на СРЦ „Суитлак“ преку јавно приватно партнерство.
Се гради нова детска градинка.

Се извршија реконструкции во останатите детски градинки.

Се вршеа реконструкции во сите основни училишта, а најголемата е во ООУ„Тошо Арсов“ со што го решаваме најголемиот проблем во ова основно училиште.
Се изработува проект за гасификација на општина Штип.
Се проектира брана на реката Отиња, процес кој целосно стагнираше за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, а со чија реализација ние ќе придонесеме Штип уште повеќе да се развива.

Јавно ги прашувам од опозицијата, ако знаеме дека браната на река Отиња е врвен и најважен проект, што направија во текот на нивните 8 години за изградба на оваа брана?

Јас ви тврдам дека не направија ништо, ниту имаа намера да прават, а тие со факти нека ме дематираат.

 


Први во регионот изградивме прифатилиште за бездомни животни.
Поставени се активни зони за вежбање на десет локации во градот.
Градиме обиколница во којашто ја отпочнавме и завршивме втората фаза. Завршен е проектот за мостот на река Брегалница и наскоро ќе започне монтажа на истиот, со што ќе ја завршиме и првата фаза од оваа обиколница.

Ако ВМРО-ДПМНЕ имаше капацитет и знаеше ќе го завршеше овој проект.

Штип е препознаен како град кој напредува и од Европската унија, па затоа не случајно ја имавме можност да бидеме посетени од страна на еврокомесарот Јоханес Хан.

Истото го потврдија и останатите развиени земји членки на Европската унија и САД кои ни ја даваат нивната поддршка.

Почитувани_сограѓани,

Успесите и развојот кои Штип ги доживува не се случајни. Тие се резултат на вредна и макотрпна работа која ми претставува чест да ја извршувам секојдневно.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е партија без идеја за развој на градот.

Тие се единствените кои не го гледаат или не сакаат да го видат развојот на нашиот град.

Граѓаните се сведоци дека во Штип, едни се занимаваат со проекти и многу работа за брз развој на градот, а другите каскаат далеку позади нас и се занимаваат единствено со неосновани и неиздржани напади и навреди.

Тоа отсекогаш било и ќе биде многу важна разлика помеѓу нас и нив.

 

Почитувани граѓани

Со или без поддршка од опозицијата, јас и локалната самоуправа продолжуваме заедно напред со вас граѓаните.

Штип ќе продолжи да расте и да се развива во правилна насока, а интересите на граѓаните ќе продолжат да бидат врвен приоритет за локалната власт којашто ја предводам.

 

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

November 2024
M T W T F S S
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 1

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize