Писмена реакција на прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ |
Thursday, 23 January 2020 15:20 | |||
There are no translations available. ВМРО-ДПМНЕ нема право да зборува за гасификација поради тоа што нивниот ефект во однос на гасификацијата за Штип е еднаков на НУЛА. Општина штип инвестира во проектирање на гасификација преку три проекти, основен, идеен и инфраструктурен проект, нешто за што ВМРО-ДПМНЕ не ни знаеше дека воопшто треба да се прави. ВМРО-ДПМНЕ да одговори зошто за два мандати не успеа да направи ниту проект а камоли да изгради гасификација. Локалната самоуправа за само 2 години ги започна најважните проекти како брана на река Отиња, градски стадион, затворен базен, гасификација, а веќе ја завршивме и пуштивме во употреба новата детска градинка во населба Сењак.
|