Честитка по повод денешниот празник Велигден на граѓаните од католичката вероисповед |
Sunday, 12 April 2020 16:05 | |||
There are no translations available. Почитувани, Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, упатува честитка по повод денешниот празник Велигден до сите граѓани од католичка вероисповед, а во која стои: „Денешниот ден е значаен за многу наши сограѓани, но и за многу христијани насекаде во светот. Нека симболиката на денешниот празник го зацврсти победничкиот дух кај сите, особено во овие тешки времиња во кои се соочуваме со сериозни предизвици и искушенија. Навиките и ритуалите ги менуваме и прилагодуваме за да дадеме соодветен одговор на новата здравствена закана - вирусот COVID-19. Но, тоа не е пречка за граѓаните верници да го почувствуваат значењето на денешниот празник. Напротив, токму сега се изразува силата на духовната поткрепа и големината на човековата надеж. Тие се главни водилки во надминувањето и на најголемите искушенија. Во нашата битка ќе истраеме и од неа ќе излеземе посилни, помудри и повредни. Како и секогаш - животот ќе победи. На сите граѓани кои денес слават Велигден им посакувам празникот да го поминат во духовен мир, хармонија и со верба за подобро утре. Честит празник и за многу години!,“ стои во честитката од градоначалникот Бочварски.
|