Честитка по повод 23 мај – Национален ден на Власите |
Saturday, 23 May 2020 11:30 | |||
There are no translations available. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски упатува честитки по повод 23 мај- Национален ден на Власите, во која се вели: „Упатувам искрени честитки до моите сограѓани, припадници на влашката заедница, по повод 23 мај – Националниот ден на Власите. Ја користам оваа прилика да ви упатам честитка со искрени желби за ваш личен успех. Сите заеднички сме заслужни и даваме несебичен придонес за градење на заедништвото и меѓусебната почит во ова наше мултикултурно и мултиетничко општество. Вие, како и сите други етнички заедници со вашите култури и традиции го создавате епитетот на Штип – центар на истокот и репер за многу општини во државата. Во моменти кога нашите сили се насочени единствено кон справување со оваа пандемија, заеднички да си посакаме многу здравје, среќа и успеси. Имајте убави празнични моменти, поминати во семеен амбиент,“ стои во честитката од градоначалникот Бочварски.
|