ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА РЕОНСКИ ПОПИШУВАЧИ И РЕОНСКИ ИНСТРУКТОРИ |
Thursday, 05 August 2021 09:30 | |||
There are no translations available. Се известуваат сите заентересирани лица кои сакаат да се ангажираат во спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија,2021 година во својство на:
дека Јавниот конкурс за ангажирање на Реонски попишувачи и Реонски инструктори , објавен во дневните весници :Нова Македонија, Вечер ,Слободен печат и Коха на 20.07.2021 година,на ВЕБ страниците на Државниот завод за статистика www.stat.gov.mk и https://popis2021.stat.gov.mk/ и во седиштата на Комисиите на Пописните реони , наместо до 05.08.2021година ќе трае до 12.08.2021 година. Заентересираните кандидати можат да достават електронска пријава која е достапна на НЦрѕ://уууууу.ѕ1:а1:.коу.тк/рорЈѕ/РгЈјауаРорЈѕ2021.аѕрх до 12.08.2021 година. Заинтересираните кандидати кои ќе достават електронска пријава, потребните документи ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, ул. Даме Груев бр.4 во Скопје, п.фах 506, најдоцна до 16.08.2021 година или на денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето. Останатите утврдени услови од претходно објавениот конкурс остануваат во сила. Државен завод за статистика
|