Новогодишна честитка од градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов |
Friday, 31 December 2021 10:46 | |||
There are no translations available. Како ја завршивме годината 2021, оставам да кажете вие. Како Градоначалник имав краток период од два месеци, во кој се вложив максимално во реализација на планираните активности на локалната самоуправа и остварување на ветувањата кои ги дадов пред моите сограѓани - дека ќе работам чесно и посветено, единствено во остварување на вашите интереси. За следната, 2022 година веќе го испланиравме годишниот буџет. Со добро направената проекција и мотивот да креираме развоен буџет, кој целосно ќе биде насочен кон капитални инвестиции и модернизација на Општина Штип, предвидовме повисок процент од буџетот за капитални инвестиции од претходната година, односно во 2022 година 37% од планираните буџетски средства ќе бидат издвоени за капитални инвестиции. Би сакал да потсетам дека се’ она кое го ветувавме пред 2 месеци, веќе со јасна визија и концизен план ќе го оствариме во 2022 година. Уште наредниот месец, на првата наредна седница на Советот на Општина Штип ќе се комплетираат програмите на локалната самоуправа, преку кои ќе се уверите во свежиот и модерен пристап во создавењето на проекти за развој на градот, креирање на позитивни јавни политики, со што ќе овозможиме секое населено место, секоја улица и секој жител на нашиот град да ја види позитивната промена која ја очекува. За наредната година, на вас, мои драги сограѓани, мои ценети Штипјани, ви посакувам пред се‘ многу здравје, но искрено сакам да примате и дарувате љубов, да ги правите среќни луѓето околу себе, да носите насмевка на лицето и во срцето, да верувате во Бога, во силата на семејството и се разбира, да имате верба во себе и индивидуалната моќ за промена! Среќни Новогодишни и Божиќни празници!
|