Одржана работилница за Истанбулската конвенција |
Wednesday, 11 April 2018 11:06 | |||
There are no translations available. Од 26 до 28 март 2018 година во Берово се одржа работилница на тема: „Истабулската конвенција и пакет на есенцијални услуги за жени жртви на насилство - Значење, предизвици и препораки за имплементација“. Работилницата беше наменета за јакнење на капацитетите на новоформираните мултисекторски тимови на заедниците . Истата е дел од активностите на проектот „ Примена на модел за интегративен пристап на пакетот на есенцијални услуги за жени и девојки – жртви на насилство“ во рамки на регионалната програма на телото на ОН за родова рамноправност и зајакнување на жените – UN Women, „ Спречување на насилството врз жените во земјите на Западен Балкан и Турција : спроведување на норми, промена на ставови“ , финансирана од Европската Унија. Проектот го спроведува ЕХО - Штип, како имплементирачки партнер на UN Women, во соработка со партнерските организации: Организација на жени – Струмица и Македонско здружение на млади правници – Скопје. Мултисекторскиот тим го сочинуваат претставници од повеќе институции. Од Штип и Струмица. Претставници од Штип се: Бети Пеева – ЕХО, Благица Киров – ЕХО, Христина Начева - ЕХО (како имплементатори и координатори на проектот); Снежана Санева - координатор за еднакви можности и Милкица Санева – шеф на кабинет - претставнички од Општина Штип; Тања Кацарова, Ристо Бојаџиски и Јелена Догазанска Колева - претставници од Основно јавно обвинителство Штип; Марија Николова и Зорица Богданова - претставнички од Јавна установа меѓуопштински центар за социјални работи – Штип,; Павлина Николовска , педагог – претставник на Јавна здравствена установа Здравствен дом „Панче Караѓозов“ – Штип; Цвета Давиткова , социјален работник - претставник на Јавна здравствена установа Клиничка болница - Штип; Драган Данев, командир на Полициска станица – Штип; Ирена Зафирова, инспектор во Одделение за превенција - СВР Штип; Ѓорги Андонов, судија - Основен суд Штип, Стојан Михов, судија - Основен суд – Штип. На почетокот од работилницата беше презентирана Истанбулската конвенција, нејзиното значење и поимите како и предизвиците за нејзиното имплементирање. Истанбулската конвенција во Република Македонија е ратификувана на 29 декември 2017 година, а ќе стапи на сила од 1 јуни 2018 година. Во продолжение беа разработени три модули со кои ќе се вклучат релевантните институции во имплементација на конвенцијата и тоа: Модул Правда и правно уредување, Модул: Здравство, Модул: Социјални услуги. Во наредниот период ќе следат дополнителни обуки за мултисекторските тимови како и доплонување на истите со членови од други засегнати институции.
|