Соработка со ОО Црвен крст Штип |
Friday, 26 January 2018 15:19 | |||
There are no translations available. Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, беше во посета на ОО Црвен крст Штип, при што имаше можност да поразговара со претставниците на оваа организација за нивната работа, но и за продлабочување на соработката. Со таа цел, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Локалната самоуправа на Општина Штип и ОО Црвен крст Штип. Со овој Меморандум се воспоставува формална соработка помеѓу двете страни, а со цел покренување заеднички иницијативи и нивна реализација. Од денеска започнува тесна соработка со општинската организација на Црвен крст, со цел имплементација на заеднички програмски и проектни активности, координација на институциите на локалната самоуправа и поттикнување реализација на активности, но и координирање во имплементацијата на активностите, како и пристап до фондови за поддршка и развој. Освен потпишувањето на Меморандум за соработка, градоначалникот имаше можност да се запознае со волонтерите на Црвен крст, при што ги поздрави нивните напори и несебичната посветеност да пружат помош на нивните сограѓани и локалната заедница. „Овде сме во ОО Црвен крст Штип, кадешто потпишавме Меморандум за соработка помеѓу Општина Штип и ОО Црвен крст Штип, со којшто се заложуваме во иднина да работиме поактивно на помаѓање на нашите сограѓани коишто се наоѓаат во социјален ризик, на коишто им е многу потребна помош од Црвен крст, од нас и од сите наши сограѓани. Воедно заедно со Црвен крст обезбедивме 25 пакети коишто беа поделени на дваесет и пет социјално загрозени семејства. Сакам да ги повикам сите наши сограѓани да се вклучат во вакви активности со коишто можеме да помогнеме многу на наши сограѓани на коишто им е многу потребна ваква помош. Јас како градоначалник и ние како институција Општина Штип продолжуваме во соработка со Црвен крст и со сите оние граѓани коишто сакаат да дадат свој придонес да ги помагаме нашите сограѓани и со тоа да придонесеме да живееме сите заедно во едно подобро и поубаво општество за сите.“ На крајот од денешната средба беа доделени 25 пакети со храна на исто толку социјално загрозени семејства од општина Штип.
|