Промоција на мерка – бесплатни бањски билети за пензионери |
Tuesday, 20 February 2018 12:52 | |||
There are no translations available. Денеска градоначалникот на Општина Штип беше во Бања Кежовица за да презентира уште едно исполнето предизборно ветување. Станува збор за ветените бесплатни бањски билети за пензионери. „Зборот е збор! Ветивме и остваруваме. Секој вторник влезот во Бања Кежовица е слободен за пензионерите од територијата на Општина Штип,“ рече градоначалникот Бочварски. На претпоследната седница на Совет на Општина Штип е донесена Одлука секој вторник да биде ден во кој пензионерите ќе можат да добијат слободен влез, односно бесплатно користење на општата бања. За да добијат бесплатен влез, пензионерите со себе треба да ја понесат пензионерската легитимација издадена од ЈП „Исар“. „Мерката којашто беше промовирана се спроведува веќе трет вторник. Првиот вторник 90 пензионери ја искористиле оваа мерка, вториот вторник 160 пензионери ја искористиле мерката,“ истакна градоначалникот Бочварски. Се очекува бројката да расте, а пензионерите да бидат задоволни од ваквата услуга. И понатаму ќе се работи на обезбедување поддршка и услуги за пензионерите, затоа што тие го дале својот придонес во градењето на нашето општество во минатото, а сега ние сме должни да им обезбедиме пристојна старост.
-- Кабинет на градоначалник на Општина Штип
|