Увид на градежни активности кај плато пред Пензионерски дом |
Friday, 13 April 2018 13:37 | |||
There are no translations available. Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврши увид во градежните активности кај платото пред Пензионерскиот дом. ЈП „Стипион 2011“ работи на реконструкција на старата подна површина заменувајќи ја со бехатон, за подобар лик на централното градско подрачје и полесно движење на граѓаните. „Во овој дел ќе се изгради нова, модерна фонтана којашто посебно ќе даде нов квалитет на овој централен дел на нашиот град,“ изјави градоначалникот Бочварски. Претходно во овој дел од градот ЈП „Исар“ спроведе реконструкција на 20 метри од канализациона линија која подолг период правеше проблем за станарите и водоводна линија во должина од 60 метри, а што чинеше 120.000 денари. Со тоа, овој проект целосно чини околу 2.700.000 денари. „Не работиме само на инфраструктурата којашто се гледа, туку и на оние зафати коишто не се гледаат, но вршат многу работа,“ истакна градоначалникот Бочварски. Ова е продолжение на градежните реконструкции и изградба на нова инфраструктура за пешаци кои се направени во изминатиот период на тротоарите отспротива Здравен дом, отспротива Стопанска банка, кај сала „Јордан Мијалков“, на стадионот, во дворот на клон „Росица“ при детската градинка „Вера Циривири Трена“ во Ново Село со вкупна површина од 1940 м2, се со цел полесно движење на граѓаните.
|