Home Events Градоначалникот Бочварски лично донираше 30.000 денари за лекување на малата Валерија
Градоначалникот Бочварски лично донираше 30.000 денари за лекување на малата Валерија
Tuesday, 14 November 2017 13:54
There are no translations available.

BBocvarski izjavaШтип деновиве пулсира во знакот на хуманоста и солидарноста, собирајќи средства за малата Валерија која има итна потреба од операција за што се потребни 40.000 евра. Во акцијата денес се вклучи и локалната самоуправа а ново именуваниот градоначалник Благој Бочварски и лично донираше на сметката за Валерија:

- Во однос на донациите кои се прават изминатите денови за малата Валерија, како општина се вклучивме во оваа акција и горд сум што штипјани покажуваат сплотеност за да соберат финансии за лекување на малото девојче. Јас денес се вклучив и лично донирав 30.000 денари на сметката на родителите на Валерија. Вчера во општината средства собираа луѓе од Црвен Крст а веќе денес имаме список на вработени во локалната самоуправа да по своја желба, колку можат да помогнат. Како што гледам има расположение за поддршка. Утре ќе дадам налог да се пуштат средства и од општинската сметка, тоа е некаде околу десетина илјади денари, како што е пракса и порано. Тоа е нешто со кое во овој момент може да помогнеме. Ние ќе се вклучиме и во други активности со поддршка за да се соберат средствата кои се бараат.

Градоначалникот Бочварски беше запрашан и дали советниците од новиот состав ќе го следат неговиот пример:

- Ќе се видам со претседателот на Советот, претходниот состав на Советот се уште го нема земено последниот паушал, но ние ќе разговараме за средствата кои ќе ги добијат, дали и советниците можат да донираат. Јас би ги поттикнал да го направат тоа бидејќи сега е моментот да покажеме солидарност, да бидеме хумани бидејќи е важно за нашит град да покажеме како во идниот период треба да се бориме за секој живот. Штип е солидарен град и јас имам некои идеи по овој основ, бидејќи се соочувам со многу луѓе кои немаат пари за лекување дома или во странство, или да заминат и до Скопје, па да направиме еден солидарен фонд, една сметка да отвориме солидарна, на која секој месец правни и физички лица ќе донираат колку можат и од таму да се донираат средства на оние кои имаат потреба од тоа.Инаку да, ја поддржувам идејата и советниците да се вклучат во акцијата.

Општинската администрација денес донира за малата Валерија а градоначалникот Бочварски апелираше до сите штипјани да се вклучат во акцијата за собирање на средствата.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

December 2024
M T W T F S S
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize