Одбележување на 3 декември – Меѓународен ден на лицата со хендикеп |
Friday, 01 December 2017 12:12 | |||
There are no translations available. Претставници на Општина Штип денес посетија неколку институции како дел од програмата за одбележување на 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со хендикеп. Претставниците на локалната самоуправа, во име на градоначалникот Благој Бочварски, ги посетија децата од неколкуте центри. Прво беше посетено посебното одделение при ООУ „Ванчо Прке“ при што во име на градоначалникот е дониран училишен прибор, по што беа посетени дневниот центар за деца со потреби и дневниот центар за аутизам во Ново село каде се донирани играчки за двата центар. Посетата продолжи во ДСУ „Искра“ каде по повод празникот беше дадена донација на ласерски печатач а на крајот беше посетена и заедницата на инвалидски организации кои добија донација на радио-CD касетофон. Градоначалникот останува посветен на поддршката на овие институции кои се грижат за лицата со хендикеп не само на овој меѓународен ден, туку ќе биде посветен на нив воопшто и за време на целиот мандат.
|