ИПР ќе финансира изградба на нова детска градинка во Штип |
Tuesday, 05 December 2017 12:59 | |||
There are no translations available. Штип по триесет години ќе добие нова детска градинка. Дел од парите за изградба на градинката ќе се обезбедат од Истично планскиот регион.Одлуката на Штип да му се доделат 16 милиони денари за оваа намена била донесена на вчерашната седница на ИПР што се одржа во Кочани: - Денеска сакам да ја информирам јавноста дека ми е особено драго што едно од предизборните ветувања, коешто го дадовме како партија и јас како градоначалник, ќе биде реализирано во наредниот период. Станува збор за детска градинка во населба Сењак 4. Тоа е целосно нова градинка со место за 200 дечиња, којашто ќе биде изградена во две фази. Веќе работевме во претходниот период на финансиската конструкција за изградба на оваа градинка, со што вчера на седница на Источен плански регион, Штип доби 16 милиона денари, со целосна поддршка од сите градоначалници од регионот - кажа градоначалникот на Штип, Благој Бочварски. Втора Општина којашто доби средства е Делчево, којашто доби 6 милиони денари, а средства доби и Општина Пехчево, со 4 милиони денари. Уште 3.5 милиони денари има за сите единаесет општини, коишто добија простор да дадат проектна документација за по едно ефикасно училиште. - Ова е убава можност да се пофалиме дека во наредниот период ќе започнеме со реализација на еден од клучните капитални проекти со коишто излеговме на претходните локални избори. Се работи за детска градинка за 200 деца којашто е околу 1500 метри квадратни и е насушно потребна за нашиот град, бидејќи во последните триесет години Штип не добил детска градинка - напомена Бочварски. Според него ова е првиот чекор, следи комплетирање на сите документации и во наредната година треба да се отпочне со реализација на овој клучен проект за Штип.
|