Градоначалникот со обраќање на настанот „Караван за детство без пречки“ |
Monday, 11 December 2017 14:05 | |||
There are no translations available. Во организација на УНИЦЕФ, денес во НУЦК „Ацо Шопов“ се оддржа настанот „Караван за детство без пречки“ посветен на децата со посебни потреби. Настанот го поддржа и Општина Штип а свое обраќање имаше и градоначалникот на Штип, Благој Бочварски: - Се залагаме да ја подигнеме јавната свест за отстранување на пречките во средината, општеството и ставовите, за децата со попреченост да учествуваат во општествените процеси на рамноправна основа со сите други деца. Треба да ги разгледаме сите креативни концепти и идеи, а со тоа да го промениме начинот на којшто општеството гледа на децата со попреченост и начинот на кој тоа се однесува кон нив. Сакаме јасно и гласно да се слушнат потребите и правата на децата со попреченост, да се создаде поволна клима којашто ќе ги негува прифаќањето и суштинската интеграција на децата со попречености во рамки на заедницата. Според Бочварски, мора да се зборува јавно за предрасудите за овие деца: - Затоа се важни ваквите настани. Затоа што мораме да говориме за различноста, но и за предрасудите со кои децата со попреченост се соочуваат. Само така ќе се разбуди, поттикне и развие свеста кај младите луѓе за важноста на прифаќањето на индивидуалноста и различностите во секојдневното живеење. Пред еден месец под покровителство на градоначалникот како дел од програмата за одбележување на денот на ослободувањето, на 8 ноември беше оддржана забавна манифестација за овие деца.
|