Градоначалникот во посета на општина Гоце Делчев (Бугарија) |
Friday, 22 December 2017 13:28 | |||
There are no translations available. Вчера делегација на Општина Штип предводена од страна на градоначалникот, Благој Бочварски, оствари посета на Општина Гоце Делчев во соседна Република Бугарија. Градоначалникот Бочварски оствари средба со Владимир Москов, којшто функцијата градоначалник на Гоце Делчев ја извршува 22 години. Штипската делагација беше запознаена со актуелностите и состојбите во бугарската општина, а се разговараше за идни проекти кои двете Општини треба да ги реализираат заеднички. Градоначалникот Бочварски ја посети природно-математичката гимназија „Јане Сандански“, којашто располага со наставен кадар од 60 професори, а во којашто учат 750 ученици. Училиштето било реновирано пред пет години со средства од Европски фонд за регионален развој во висина од над 2 милиони евра. Директорката на училиштето пројави интерес за соработка со штипските средни училишта, за проекти кои се под ЕУ, Еразмуз размена на ученици и сл. Делегацијата предводена од градоначалникот Бочварски протоколарно посети и една од најдобрите приватни компании „Зебра“, која се занимава со производство и дистрибуција низ цела Бугарија, транспорт во земјите од ЕУ, како и низ САД. Општината Гоце Делчев е доказ како една помала општина може да функционира квалитетно со партиципирање во поголеми проекти за средства од Европските фондови, како и од фондовите од САД. Во иднина, соработката помеѓу Општините Штип и Гоце Делчев ќе продолжи со заедничко партиципирање во проекти кои ќе бидат со обостран интерес.
|