Home Events Прес конференција, Штип го добива првиот министер во Влада
Прес конференција, Штип го добива првиот министер во Влада
Thursday, 20 August 2020 15:35
There are no translations available.

Blagoj BocvarskiПочитувани претставници на медиумите,
Почитувани штипјани,
Почитувани сограѓани,

СДСМ ја формира новата Влада. Добиваме нов состав со чесни, исполнителни, посветени кадри кои ќе продолжат да ја водат земјата напред и во нови успеси.
Мандатарот и иден Премиер, Зоран Заев ми ја укажа огромната чест кога ми ја врачи довербата, но и одговорноста, да бидам кандидат за министер за транспорт и врски. Ова е голема обврска и одговорност за мене, предизвик на кој ќе одговорам со сериозна, упорна, чесна и посветена работа за унапредување и осовременување на инфраструктурата на територијата на цела земја.

Почитувани штипјани,
Назначувањето за министер не е само мој успех, тоа е успех и на нашиот град, кој после долги години добива министер во Влада. Со тоа ние штипјани уште еднаш покажуваме на дело дека нашиот град е расадник на квалитетни кадри, но се покажува и дека нашите заложби се препознаени и уважувани од централната власт. Во новата Влада дури три министри се од оваа изборна единица од истокот. Тоа е доказ дека во СДСМ се вреднува квалитетот, но и дека нашата партија има разновидна и сестрана понуда која е неоптоварена од тесно централизирано уредување, туку е насочена кон искористување на потенцијалите на секого и развивање на целата држава и потребите на сите региони подеднакво. Кон таков целокупен развој ќе продолжиме да бидеме ориентирани и понатаму.

Почитувани сограѓани,


Во изминатите нешто помалку од 3 години, колку што сум градоначалник, Штип доживеа градежна ренесанса, за што особено се гордеам. Во нашиот град се гради, се реализираат проекти како никогаш досега.

      Во рекордно време и со 70 проценти сопствени сопствени средства изградивме нова детска градинка после 30 години, со што го решивме проблемот со недостаток на капацитети за сместување дечиња во градинките во нашиот град;

      Изградивме нов мост на река Брегалница, кој претставува нова и значајна артерија во градскиот сообраќај, како и врска меѓу двете најбрзорастечки населби;

      Ја завршивме обиколницата со два кружни тека за поголема безбедност на граѓаните;

      Изградивме нов водовод во населба Балканска;

      Изградивме платформа со нови паркинг места и обезбедуваме паркинг и солидни сообраќајни решенија во централното градско подрачје, а веќе во напредна фаза е изградбата на втората платформа,

      Изградивме нов пат до село Почивало и нови улици во Караорман;

      Изградивме и реконструиравме над 50 штипски улици со должина околу 18 километри должина, а реконструиравме и градевме над 14 илјади метри квадратни тротоари, пешачки површини и платоа;

      Градиме затворен базен;

      Се гради Аква паркот во Штип како приватна инвестиција, но ние веќе ја градиме тамошната инфраструктура, улици, водоводи и канализации за овој Аква парк кој ќе биде отворен наскоро.

      Се реализира деценискиот сон на штипјани – градиме брана на река Отиња која ќе биде реализирана токму преку министерството за транспорт и врски.

      Граѓаните нскоро ќе добијат нов најмодерен стадион. Изработив проект за градскиот стадион во Штип, а преку програмите на ФФМ обезбедив финансиска конструкција за изградба на првата трибина, а веднаш потоа и на втората. За потсетување трибините на постоечкиот стадион се изградени во шеесетите години на минатиот век.

Почитувани граѓани,

Ова е за мене емотивен момент на измешани чувства затоа што со максимална одговорност, труд и работа се вложив и се посветив на решавање на секое важно прашање за градот и граѓаните. Резултатите тоа го покажуваат.

Како градоначалник силно се заложив за секој еден проект кој е на нашата агенда, а со кој се обезбедува вистински развој за Штип. Со сите сили се борев за да започне изградбата на брана на реката Отиња. Се будев и легнував со мисла за предизвиците и потребите на градот и моите сограѓани. Дадов голема жртва за да го трасирам патот за вистински развој на Штип. Ова беше препознаено од Претседателот на партијата и мандатар за состав на новата влада, и јас сум единствениот градоначалник кој добива огромна чест да го водам ова големо и гломазно министерство и секако да бидам репрезент на мојот град Штип.

Драги штипјани,
Со истиот жар ќе продолжам да се борам за она што ни е приоритетно, за она што ни е важно и денес, но и за следните генерации.
Како министер за транспорт и врски ќе ја продолжам реализацијата на изградбата на брана на река Отиња која е во програмите на министерството за транспорт и врски и на Владата, што ќе биде белег на Штип и гордост на сите штипјани.

Повторно и повторно се обврзувам пред сите вас дека ќе продолжам да работам на значаен инфраструктурен развој, не само на Штип и на регионот, туку овој пат на целата земја.

Беспоштедно ќе се посветам на труд и многу работа во изградбата на модерна и европска инфраструктура, која е главен предуслов за растечка економија и висок квалитет на живот.

Моја мисија е да ја отвориме вратата на науката преку примена на сите нови модерни европски стандарди во изградба на патната инфрструктура.
Ќе се посветам на изградба на автопатишта, експресни патишта и локални патишта на територија на целата земја. Ќе им помогнам на општините за реализација на што е можно повеќе проекти, а со тоа и развој на локалните заедници. Како архитект и градоначалник имам стекнато искуство кое е значајно токму во оваа насока во делот на развојот на урбанизмот и инфраструктурата во државата.

Почитувани сограѓани,

Како и досега, така и понатаму, јас ќе продолжам да работам макотрпно за да изработам што е можно повеќе проекти за граѓаните.

Продолжуваме понатаму, чекориме цврсто и одлучно кон остварување на нашата цел за подобар и поквалитетен живот на сите граѓани.

Докажуваме дека можеме! Уште повеќе. Уште подобро.

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

December 2024
M T W T F S S
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize