Увид во градежни активности за реконструкција на двор во ООУ„Димитар Влахов“ |
Monday, 28 December 2020 14:54 | |||
There are no translations available. Градоначалникот на Општина Штип, д-р Сашко Николов изврши увид во градежните активности за реконструкција и уредување на дворот во ООУ „Димитар Влахов“. Се работи за комплетно уредување на дворната површина со што ќе се олесни пристапот како на учениците, вработените и родителите така и на оние возила кои што во одредени моменти неопходно е да стасаат до влезот на училиштето. Дворот ќе добие комплетно нова бехатон површина со нови 24 клупи, реконструирани спортски терени, летна училница како и ново лед осветлување. Дополнително овој двор ќе се уреди и хортикултурно. „Се наоѓаме во основното училиште Димитар Влахов кадешто се вршат градежни активности во дворот на самото училиште. Ова беше наше предизборно ветување и веднаш почнуваме со негова реализација. Целовкупната инвестиција во ова основно училиште е околу 3 милиони денари, пари од буџетот на Општина Штип,“ истакна градоначалникот Николов. Локалната самоуправа ќе продолжи да инвестира во подобрување на инфраструктурата во образовните институции со цел непречено одвивање на образовниот процес на децата.
|