Tuesday, 29 December 2020 19:33 |
There are no translations available.
Денес, 29.12.2020 г., градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов ја посети градинката "Сончогледи". Заедно со директорката Билјана Трајчевска разговараа за ребалансот на буџетот на Општина Штип, каде градинката доби седум милиони денари, кои што пари ги искористи за набавка на нафта за огрев, подмирување на сметките за електрична енергија, комуналии, набавка на средства за хигена.
Исто така постави ограда со должина од 290 метри. Во објектите Бамби, Астибо и Виножито набавени се нови детски креветчиња, масички, столќиња и постелнини.
|