Home Events Средба со бизнис сектор
Средба со бизнис сектор
Wednesday, 20 January 2021 18:48
There are no translations available.

BiznisSektor-01Денеска градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов ги започна и интензивира разговорите со советодавното тело за економски и бизнис прашања, за работи на Градоначалникот.

Ова тело е сочинето од претставници на бизнис сектор и ваквите средби се од особено значење, битејќи е неопходна размена на идеи со цел унапредување на градот.

Идејата и главната цел како општина е да изградиме партнерски однос со приватниот сектор, да ја зацврстиме соработката и со меѓусебна поддршка да придонесеме за доброто на градот.

Ваквите средби, како денешната, отвараат можности и перспективи, за обезбедување инвестиции од приватниот сектор во општината, со разработка на планови, за градба на нови производствени капацитети.

Со силна општина и силен приватен сектор, со меѓусебна доверба во работата, ќе успееме да ги унапредиме условите во градот во секој сегмент од секојдневното живеење.

 BiznisSektor-02

BiznisSektor-03

 

Tourist map Stip resize

kvalitet na vozduh PM10 resize

ombudsman logo en

Banner

Calendar

December 2024
M T W T F S S
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5

Banners

Banner
Banner
Banner
Banner
Banner

ISO sertifikat baner resize