Wednesday, 17 March 2021 16:05 |
There are no translations available.
Општина Штип започна со делење на бесплатни заштитни маски за граѓаните. Оваа активност беше најавена од страна на Градоначалникот на Општина Штип, Д-р Сашко Николов и извршниот директор на Солидарниот фонд на Општина Штип, Борис Шарковски.
Почнувајки од денес од центарот на градот, волонтери од Општина Штип секојдневно ќе бидат на терен и ќе делат заштитни маски на граѓаните. Освен во центарот на градот пунктови со бесплатни заштитни маски ќе бидат поставени и во сите урбани заедници, но и во руралните средини. "Солидарноста отсекогаш била и ќе остане одлика на Штип и Штипјани. Имајќи во предвид, дека сме во пик на нов бран од Ковид 19, носењето маски и држењето дистанца засега се покажаа како одличен механизам да се заштитиме од короната, а наша обврска како општина која се грижи меѓудругото е да обезбедиме услови за тоа и да се грижиме за здравјето на нашите сограѓани. Апелирам како градоначалник, но и како доктор, да останеме внимателни, да бидеме одговорни, да носиме маски, да држиме дистанца, да не излегуваме непотребно. Само на овој начин, во очекување на вакцините ќе можеме да се спротовставиме на Ковид 19. "
Изјави Градоначалникот Д-р Сашко Николов.
|