Запознавање на општините со процесот на формирање и реструктурирање на локалните младински совети |
Wednesday, 24 March 2021 19:18 | |||
There are no translations available. Денес се одржа „ЗООМ“ работен состанок во организација на Агенцијата за млади и спорт и стратешкиот партнер - Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Запознавање на општините со процесот на формирање и реструктурирање на локалните младински совети, чекорите и статутарните измени, согласно Законот за младинско учество и младински политики. Од страна на претставниците на Општина Штип беше поздравена иницијативата да се формираат, реактивираат и реструктуираат советите на млади при општините. Општина Штип е во редот на првите општини што имаат формирано Совет на млади. Меѓу Советот на млади во Општина Штип и Мисијата на ОБСЕ во Скопје е веќе потпишан и Меморандум за соработка, а исто така Изготвена е Локална младинска стратегија. Нашата општина ќе започне со процесот и донесување на сите потребни акти за трансформација на Советот на млади. Веќе темелно се разгледуваат стандардите, но и неколкуте опции за просторот што треба да биде обезбеден, со цел формирање на Младински центар.
|