Населба Македонка ќе добие чиста и здрава вода за пиење |
Tuesday, 08 June 2021 13:51 | |||
There are no translations available. Уште едно ветување, станува реалност. Жителите на населба Македонка конечно ќе добијат здрава вода за пиење. Со средства обезбедени од Министерството за транспорт и врски, жителите на населба Македонка конечно ќе добијат здрава вода за пиење, односно ќе бидат приклучени на градскиот водоснабдителен систем. Општина Штип во изминатиот период од сопствени сретсва инвестираше во реализација на проектот “ВОДОСНАБДУВАЊЕ НА НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА БАЛКАНСКА И СЕЛО ЧАРДАКЛИЈА”. Овој проект го опфаќа крак К2 цевковод за водоснабдување на населбата Македонка во должина од 760 метри и 364 метри во самата населба Македонка.
|