Прием на светскиот вицешампион во карате, Емил Павлов |
Tuesday, 23 November 2021 13:05 | |||
There are no translations available. Денес Градоначалникот Иван Јорданов оствари средба со штипскиот каратист Емил Павлов кој го освои сребрениот медал во категорија до 67 килограми на Светското првенство кое се одржа во Дубаи. Емил Павлов со своите 29 години, напорните тренинзи и поддршка од своите тренери го освојува цел свет. Со Градоначалникот Иван Јорданов поразговараа дека со упорна работа и љубов спрема спортот дошол до сегашните успеси и дека во иднина ќе се стреми кон освојување на прво место во Светско првенство во карате. Преку спортот младите се учат на тимска работа, се стекнуваат со здрави навики и им се раѓа победничкиот дух. Тие заеднички ќе ја подигнат свеста на младите кон поголем влог во спортот и ќе се учествуваат во проекти кои што ќе ги презентираат придобивките од истиот.
|